Швајцарскиот банкарски гигант „Credit Suisse' објави во четвртокот дека нето добивката во минатата 2012 година се намалила за 24 отсто, паѓајќи од 1,4 милијарди швајцарски франци (1,2 милијарди евра), и покрај зголемената добивка на одделот за инвестициско банкарство.
Аналитичарите коишто ги анкетирала швајцарската финансиска новинска агенција AWP, ја проценуваа нето добивката на 1,7 милијарди швајцарски франци.Во последниот квартал од 2012 година, „Credit Suisse” забележала нето добивка од 397 милиони франци, споредено со загубата од 637 милиони франци во истиот период од претходната 2011 година.Одделот за приватно банкарство и управување со имоти остварил во 2012 година оперативна добивка од 3,7 милијарди франци, во однос на 2.9 милијарди франци остварени во претходната година.Одделот за инвестициско банкарство, пак, успеал да ја затвори 2012 година во плус, остварувајќи оперативна добивка од две милијарди франци, по оперативната загуба во 2011 година од 593 милијарди франци.„Годината 2012-та беше година на транзиција. Преземавме значителни чекори за да го прилагодиме дејствувањето и нашата организација на новите регулаторни барања, променетите барања на клиентите и моменталната атмосфера на пазарот”, заклучува во соопштението извршниот директор Бреди Дуган, според кое ваквите мерки во 2013 година би требало да донесат подобрување на работењето.Управата на банката препорачува да биде потврдена најавената годишна дивиденда од 75 центи по акцијаMaкфаксШвајцарскиот банкарски гигант „Credit Suisse' објави во четвртокот дека нето добивката во минатата 2012 година се намалила за 24 отсто, паѓај