Доколку немате идеја што да им послужите на гостите или семејството, тортата од неколку состојки, без печење, е вистинскиот избор.Десертите кои не се печат се секогаш добар избор за брзо засладување на целото семејство, а единствената маана им е што треба да почекаме да се изладат… Меѓутоа, кога со малку состојки ќе добиете совршенство од вкусови, вреди да чекате!Доколку сте љубител на бисквити, бело чоколадо и вкусните крем банани, оваа торта дефинитивно ќе ви се допадне.Секако, уште еден плус е тоа што се подготвува за помалку од 10 минути!Потребни состојки:– 300 гр. издробени бисквити– 700 гр. кисела павлака– 10 исечкани крем банани– 3 лажици шеќер во прав– 200 гр. бело чоколадо– 100 мл. слатка павлакаПодготовка:1. Во сад измешајте ги бисквитите, павлаката и крем бананите. Додадете шеќер во прав и добро промешајте за сите состојки да се соединат.2. Истурете ја смесата во кружен калап и израмнете ја одозгора.3. На оган растопете го белото чоколадо со слатката павлака. Мешајте додека не се соединат.4. Смесата во калапот прелијте ја со белото чоколадо.5. Ставете ја во фрижидер и оставете да се излади.6. Украсете со овошје по ваш избор, желе или листови бадем. Уживајте!
Пронајдете не на следниве мрежи:



