Украина не може да опреми 14 бригади поради недостиг на оружје, бидејќи помошта од Запад бавно пристигнува, изјави шефот на киевскиот режим Владимир Зеленски.
„Имаме бригади кои немаат оружје. Имаме 14 невооружени бригади кои немаат соодветно оружје, а чии испораки веќе се одобрени од Конгресот. Пакетите (оружјата) треба да стигнат, но за жал тие стигнуваат полека“, рече тој во интервју за „Блумберг“.
Тој посочи дека Украина сака да започне нови контраофанзивни акции, но не може поради дефицитот на потребното оружје.
Бригадата брои меѓу 1.000 и 8.000 луѓе.
Украина започна контраофанзива на почетокот на минатото лето, но веќе во ноември 2023 година, Зеленски призна дека резултатите на кои се надеваше Киев не се постигнати. Неуспехот тој го објасни со тоа што Западот не испрати доволно помош, како и со тоа што вооружените сили на Украина имаат ограничен број војници на располагање.



