Не можете да ослабнете? Можеби ги имате овие три заблуди за вашиот метаболизам!

Ова се најголемите грешки за кои што сте сигурни дека се вистина…
Метаболизам е збор кој многу често го употребуваме, но не е целосно јасно колкава контрола имаме над сопствениот метаболизам. Нутриционистот Саманта Касети ги откри трите најчести заблуди за метаболизмот, вклучувајќи и одговор на прашањето дали всушност можеме да го забрзаме нашиот метаболизам.
1. Не можете да направите ништо за да го промените вашиот метаболизам
– Генетиката и одредените медицински состојби, како што е проблемот со штитната жлезда, играат важна улога за работата на метаболизмот, но постојат чекори со кои што можете да го контролирате вашиот метаболизам, како на пример исхраната и вежбањето. Телото преку вежбите согорува 30 проценти од вкупниот број согорени калории, а доколку вежбањето ги вклучува и вежбите за сила, ќе добиете помалку дополнителна мускулна маса, но затоа ќе имате повеќе забрзан метаболизам- вели нутриционистот Саманта Касети.


2. Слабите луѓе имаат побрз метаболизам од луѓето со вишок килограми
– Всушност вистината е спротивна. Метаболизмот во себе ги вклучува сите процеси кои му се случуваат на телото и кои не оддржуваат во живот (дишење, спиење, отчукување на срцето итн.) заедно со телесните функции кои ни овозможуваат да се движиме. Тоа значи дека кај луѓето со вишок килограми калориите побрзо се движат затоа што тоа го налага самиот вишок килограми кои го имаат- вели Касети.
3. Се додека се храните здраво и вежбате, вашиот метаболизам е добар
– Здравата исхрана и тренингот се многу важни за добар метаболизам, но постои уште еден многу важен фактор- спиењето. Недостатокот на сон има голем удел на процесите на метаболизмот. Ако во текот на времето развивате лоши навики за спиење, тогаш го зголемувате ризикот од добивање на вишок килограми и други здравствени проблеми- предупресува Саманта Касети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.