Не наседнувајте на оваа измама на Фејссбук – скапо ќе ве чини

Внимателноста никогаш не е доволна на Интернет, па корисниците мора секогаш да внимаваат да не кликнат на погрешен линк, дури и ако тој доаѓа од нивните пријатели или роднини.

Различни опасности демнат на најпопуларната социјална мрежа во светот, па затоа корисниците мора секогаш да внимаваат при кликнување на линкови, комуникација со непознати лица, а особено кога договараат купување и продавање, како преку “Facebook”, така и воопшто на интернет. Една од измамите која беше вообичаена во минатото, а се покажа како доста ефективна, е поврзана со лажни информации за нечија смрт.
Ваквите линкови, со наслови како „види кој умре“ или „нема да веруваш кој умре“, се објавуваат како статуси или се шират во приватни пораки, а бидејќи во нив не се споменува кој починал, корисниците често без размислување кликнуваат на нив. Тогаш почнуваат нивните проблеми, бидејќи на тој начин може да се шират вируси, да дојде до измама, кражба на податоци и слично.
Таквата измама се врати на “Facebook” и австралиските корисници во моментов се на мета, но дефинитивно треба да бидете внимателни во случај слични линкови да почнат да се шират на други територии.

Откако корисниците на „Messenger“ ќе добијат порака „види кој умре“, треба да кликнат на линкот што ги носи на страница на која пишува дека ако сакате да ги читате вестите, треба да ги внесете вашето корисничко име и лозинка на “Facebook”. Со тоа, секако, ги предавате на измамници, а во истиот момент корисниците кои ги внесуваат тие информации се одјавуваат од “Facebook” и повеќе немаат пристап до нивниот профил. Исто така, на овој начин може да се преземе злонамерна програма која може да ги следи корисниците и да ги украде нивните чувствителни податоци.
Проблемот што ја прави оваа измама веродостојна е тоа што, откако некој ќе ја отвори, истата порака се испраќа преку “Messenger” до луѓето на нивната контакт листа, така што поневнимателните примачи нема ни да размислуваат за потенцијалните опасности бидејќи пораките доаѓаат од пријатели или роднини.

Она што корисниците треба да го знаат е дека никогаш не треба да ги внесуваат своите “Facebook” детали за да прочитаат вест што ја добиле преку линк и мора добро да размислат пред да отворат такви линкови.
Овие правила важат не само за “Facebook”, туку и за сите услуги, платформи и слично што ги користите на Интернет. Секогаш мора да биде присутна претпазливост, особено во ситуации кога треба да ги внесете вашите лични податоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.