четврток, 12 ноември 2026
Најново

Не се вадат документи од Управата за водење матична евиденција, вработените во штрајк

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска не може да се извадат документи од Управата за водење матична евиденција бидејќи вработените во оваа институција стапија во предупредувачки штрајк поради ниските приходи и непотпишаниот колективен договор.

Тие бараат да им се зголемат платите за 20 проценти и да се вработат кадри кои се неопходни за нормално функционирање на Управата.
Од Независниот синдикат на Управата за водење матична евиденција не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк доколку не им се исполнат барањата на вработените.
Според синдикатот, најголем дел од вработените земаат минимална плата, а недостигаат и работниците.

Поврзани вести