НЕ ЈА ФРЛАЈТЕ СМЕСАТА ЗА ПАЛАЧИНКИ АКО ВИ ОСТАНЕ! Направете едно од овие три вкусни јадења, никогаш нема да претпоставите од што се состојат

Ако сте правеле палачинки и ви останало тесто, не истурајте го! Постојат неколку вкусни јадења што можете да ги направите подоцна или следниот ден, никој не би помислил дека се направени од тоа тесто.
Мешавината што содржи јајца, млеко и брашно може да се користи на различни начини и ви предлагаме две солени и едно слатко јадење!
Направете американски палачинки


Тестото за палачинки може да се стави во фрижидер преку ноќ. Следниот ден, додадете прашок за пециво и малку повеќе брашно, и пржете мали, подуени американски палачинки во путер, совршени за појадок.
Направете крофни


Додадете брашно и прашок за пециво, малку сол, пржете кружни крофни и послужете ги со крем сирење, млад кромид и пушен лосос.
Испоховајте нешто!


Тестото за палачинки е многу слично на традиционалното тесто за панирање што се користи во Велика Британија и низ цела Азија. Додадете малку брашно за да стане погусто, збогатете го со ѓумбир или дури пиво и испржете вкусно парче риба или месо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.