сабота, 14 ноември 2026
Најново

Ниами: Сега нека ви го решава проблемот Беса Арифи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Законот за употреба на јазиците постепено се имплементира рече вчера вицепремиерот БујарОсмани, но проблем и натаму останува преводот. Во 1300 институции коресподенцијата се врши само на македонски јазик, затоа што недостасуваат преведувачи за документите да бидат точно и прецизно преведени.
На изјавата на Османи реагира преведувачот Емил Ниами, славист и долгогодишен лектор по македонски јазик на странските универзитети.
– Пред година ипол укажав на проблемот што ќе го предизвика Законот за јазици. Бујар Османи денес се пожали. И сега што? Ви реков, ама вие сте самобендисани корумпирани политиканти на кои к*р не им чуе за професионалците. Сега нека ви го решава проблемот Беса Арифи, зашто таа ве тапкаше по рамо без да размисли за неговата имплементација. Ама, така ви е, кога слушате некој со претрчано образование и научни степени добиени со врски!

Поврзани вести