Ниедна жена со стил повеќе не ги носи: 5 парчиња кои модните експерти ги оценија како тотален „аут“ оваа пролет

Модата се менува со молскавична брзина, па некои парчиња кои до вчера беа „ин“, денес не се на листата на пожелни парчиња.
За да избегнете правење грешки, послушајте ги модните експерти и заборавете на овие 5 парчиња бидејќи истите повеќе не се во тренд оваа пролет:
Мини очила за сонце


Во 2020 година беа во фокус, а не им одолеаја ниту славните личности како Ријана и Аријана Гранде. Меѓутоа, оваа сезона тие не се наоѓаат на листата на водечки трендови. Можете слободно да заборавите на нив бидејќи оваа пролет ќе носиме малку поголеми модели.
Бомбер јакна


Во текот на последните неколку години, бомбер јакните во различни облици и големини беа најбараното модно парче. Мора да признаеме дека одлично изгледаат во комбинација со фармерки и хеланки, но дојде време да им кажеме збогум. Оваа пролет нивното место ќе го заземат поелегантни јакни и блејзери со нагласени рамена.
Торбички околу струкот


Торбичките кои се носат околу струкот и кои беа актуелни во текот на 90-те години, конечно заминуваат во заборав. Оваа година сè ќе биде во знакот на женствените комбинации, па нема да има место за нив.
ПВЦ обувки


Проѕирните сандали изгледаат одлично само на фотографии, па затоа оваа година заминуваат на „црната листа“ и ниту една жена со стил повеќе не ги носи.
Облека со истакнато име на бренд


Познатите брендови со задоволство го ставаа својот логотип на облеката и модните додатоци. Меѓутоа, во 2021 година, ваквиот вид брендирање стана анти-тренд. Едноставните бели маички се моментално попопуларни од оние со називи на познати брендови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.