Ние, Македонците, можеме да ги вратиме работите назад

Што и да направат предавниците во Собрание треба да знаат дека им е залудно, порачува универзитетската професорка Тања Каракамишева, преку својот Фејсбук профил.
Нејзиното обраќање, го пренесуваме во продолжение:
НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ, МОЖЕМЕ ДА ГИ ВРАТИМЕ РАБОТИТЕ НАЗАД!
Ќе собереме 150.000 потписи и ќе организираме референдум за враќање на вековното име Македонија во Уставот!
Чл.73 од Уставот вели СОБРАНИЕТО во случај на вака организиран референдум е должно да постапи!
Одговорноста за спас на државата не е само партиска, туку пред се Македонска!
Кога ви влегле арамии и криминалци дома покрај што викате полиција прво се активирате индивидуално за спас на вашиот имот! Нужна одбрана!
Така е и со државата!
Кај секого од нас треба да проработи личното чувство дека домот ни е киднапиран и заробен од апаши и од белосветски криминалци!
Реакцијата мора да биде над партиска!
Член 73 од Уставот
Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата
надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката на
референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале,
доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи. Собранието е должно
да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката
донесена на референдумот е задолжителна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.