четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ние сме за достоинствено одбележување на Гоце Делчев, но целите на Бугарија се непроменети во последниве 150 години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Очекувам на 4 февруари да има една достоинствена манифестација, достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но, поважен е контекстот и сето она што се случува сега со Бугарија, тука се нашите главни забелешки. Се сруши како кула од карти политиката на оваа Влада на СДСМ и ДУИ кои во континуитет ја водат од 2017 година кога го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија за кој за жал се виде дека не е ни за добрососедство, ни за пријателство и последниве случувања и се виде дека таа политика на попустливост не дава резултати и не ја води Македонија никаде“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, во гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на ТВ „Сител“.

Николоски подвлече дека целите на Бугарија се непроменети во последниве 150 години и Бугарија мисли различно од тоа што ние мислиме за себе – Бугарите мислат дека не постои македонски јазик, односно дека тоа е јазична норма на бугарскиот јазик и дека македонската нација е вештачка творба. Тоа се драматични разлики кои не можат да се спојат, оцени тој.

Николоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да има достоинствено одбележување и затоа го вклучува Патриотскиот институт, бидејќи институциите под Владата немаат капацитет за достоинствено одбележување.

„Институциите се длабоко дерогирани во изминатите години, професионалноста е на многу ниско ниво. Вториот и посуштински дел е односот на Владата кон ова негаторско однесување на Владата кон Македонија и Македонците, затоа реков дека политиката на постојано попуштање доживува фијаско. Удрија во темелите на македонскиот јазик и народ и како никогаш порано од 1944 од АСНОМ до денес не се урнати повеќе позициите и никогаш повеќе не било удрено во темелите почнувајќи од потпишувањето на Договорот со Бугарија па сѐ до сега“, посочи Николоски.

– Реклама –








Поврзани вести