НИКОГАШ, НИКОГАШ, НИКОГАШ! Бајден рече дека САД не ги признаваат резултатите од референдумот и припојувањето на украинската територија кон Русија

САД „никогаш, никогаш, никогаш“ нема да го признаат обидот на Русија за анексија на територијата на Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден откако рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша указите за независност на Запорожје и Керсон.

НИКОГАШ, НИКОГАШ, НИКОГАШ! Бајден рече дека САД не ги признаваат резултатите од референдумот и припојувањето на украинската територија кон Русија

„САД, сакам да бидам многу јасен за ова, никогаш, никогаш, никогаш нема да ги признаат руските претензии за суверена територија на Украина“, рече Бајден.

Во четвртокот рускиот претседател потпиша два декрети за признавање на Запорожје и Керсон како независни територии, со што се отвора патот за нивно припојување кон Русија заедно со Донбас.

Во документите, објавени во руските државни медиуми, се вели дека независноста на двата региона е признаена во согласност со меѓународното право и „утврдена во Повелбата на Обединетите нации“.

Сепак, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека секоја анексија на територијата на една земја врз основа на употреба на сила ги прекршува Повелбата на ОН и меѓународното право.

Тоа е „опасна ескалација“ на која „нема место во современиот свет“, рече тој.

НИКОГАШ, НИКОГАШ, НИКОГАШ! Бајден рече дека САД не ги признаваат резултатите од референдумот и припојувањето на украинската територија кон Русија

Во телефонскиот разговор со Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го изрази своето противење на планот и го повика рускиот лидер да ги намали тензиите и да им даде нова шанса на мировните преговори со Украина.

Москва е подготвена за денешниот говор на Путин, кој четирите украински региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон ќе ги прогласи за дел од Русија.

Резултатите од референдумот за приклучување кон Русија се отфрлени од Украина и од Западот, но без разлика, двата дома на рускиот парламент формално ќе го ратификуваат потегот следната недела.

Пронајдете не на следниве мрежи: