Николас Мадуро танцуваше на ремикси од неговите говори во кои бараше мир со Америка

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, беше домаќин на група млади луѓе во палатата Мирафлорес по повод Денот на студентите во оваа земја, а за време на нивната посета и танцуваше.

Мадуро и студентите разговараа за моменталната состојба во Венецуела, но најинтересниот момент секако беше кога претседателот на оваа земја танцуваше.

Тој стана од столчето и почна да танцува кога беше пуштен ремикс од неговите говори во кои тој повикува на мир со САД, земја со која Венецуела е во „војна“ веќе неколку месеци.

Имено, под изговор дека станува збор за бродови што транспортираат наркотици во САД, американската војска спроведува кампања на напади врз бродови во Карипското Море.

Покрај оваа кампања, има сè посилни индикации дека САД ќе започнат некаков воен напад врз почвата на Венецуела, а се споменува и промена на режимот на која бараат во Вашингтон.

Иако, како и со студентите, Мадуро се однесува опуштено на јавните настапи, американските медиуми објавуваат дека во Каракас се плашат од можна војна со Америка и дека работат на предлог што ќе ги смири односите со Вашингтон.
The post Николас Мадуро танцуваше на ремикси од неговите говори во кои бараше мир со Америка appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: