Во Брисел, под организација на влијателниот тинк-тенк Friends of Europe, се одржа регионалниот настан посветен на проширувањето на Европската Унија и евроинтеграциите на Западен Балкан.
Македонија на овој значаен форум ја претставува Александар Николоски, заменик-премиер и министер за транспорт, кој учествуваше во панел-дискусии и билатерални средби со високи претставници на ЕУ и регионот.
Настанот, кој традиционално ги собира најзначајните политички чинители, аналитичари и претставници на европските институции, претставува можност за интензивни разговори околу идните чекори на ЕУ во однос на регионот.
На својот профил на фејсбук министерот Николовски објави неколку фотографии од задничките, но и поединечни средби кои ги остварил, меѓу кои и со еден од најискусните американски дипломати, господинот Кристофер Хил.
Кој е Кристофер Хил и каква улога одигра во Македонија?
Кристофер Р. Хил е еден од најискусните американски дипломати и една од највлијателните фигури на американската надворешна политика на Балканот во последните три децении. Со својата богата дипломатска кариера, Хил остави значаен печат и врз Македонија.
Хил служеше како амбасадор во Македонија (1996-1999) во период кога регионот се соочуваше со сериозни безбедносни предизвици, особено во контекст на кризата во Косово. Во тоа време САД одиграа клучна улога во поддржувањето на стабилноста и меѓуетничката безбедност на Македонија.
Нему можат да му се препишат повеќе придонеси за Македонија меѓу кои:поддршка за државната стабилност во години исполнети со регионални тензии, јакнење на дипломатските односи Македонија – САД, промовирање на американска поддршка за евроатлантските интеграции на државата, активна улога во придвижување на дијалогот и миротворните процеси на Балканот.
Хил е познат и по својата поширока улога на Балканот, односно познат е по своето учество во преговорите во Рамбује за Косово и неговиот долгорочен ангажман во стабилизирањето на регионот.
Во понов период (2022–2024), Хил повторно беше активен на Балканот како амбасадор на САД во Србија, каде што имаше значајна улога во односите Белград – Вашингтон и регионалната безбедност.
Претставниците од нашата држава остварија низа плодни средби во насока на забрзување на европскиот пат на Македонија, зајакнување на политичкиот дијалог и отворање нови можности за секторска соработка.
Особен акцент беше ставен на значењето на реформите, стабилноста и потребата европските институции да го задржат фокусот кон интеграцијата на Западен Балкан.
Настанот уште еднаш ја потврди улогата на Македонија како конструктивен и предвидлив партнер на Европската Унија.
Погледнете го обраќањето на министерот Николовски: Проширувањето е важно: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа
The post Николовски во Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ! appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



