Николоски во САД – Средби во Светска банка и Стејт департментот

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во наредните три дена ќе престојува во Соединетите Американски Држави, каде ќе оствари низа значајни средби и активности. Во рамките на посетата, тој ќе има средби со претставници на Светската банка и со високи претставници на Стејт департментот, а исто така ќе се обрати на главната пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026“, заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.

На форумот, Николоски ќе говори на тема „Коридори за одржливо поврзување“, со посебен акцент на стратешките паневропски коридори во Република Северна Македонија и инфраструктурните проекти што се реализираат во партнерство со Владата. Во своето обраќање, тој ќе потенцира на актуелните градежни активности, вклучително изградбата на автопатските делници, како и планираната изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8, при што ќе истакне значењето на овие проекти за регионалната поврзаност и економскиот развој.
Николоски ќе ја искористи посетата и за средби со високи претставници во Стејт департментот, s се предвидени и средби со претставници на Републиканската партија.

Пронајдете не на следниве мрежи: