Николоски за Савески: Се работи за човек без дамка во кариерата

Се работи за човек со сериозна биографија, без дамки во кариерата, истакна вицепремиерот Александар Николоски образложувајќи ја денеска пред пратениците одлуката на Владата да го предложи Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.
Николоски рече дека од Савески е еден од светлите примери во македонското правосдуство и дека од него се очекува да покаже резултати и да ја подобро состојбата во сферата.
     Еден човек не може сам. Потребен е тим и кооординација за да се испорача правда на сите нивоа, рече Николоски.
Николоски повтори дека рејтингот на правосудството е паднато и дека довербата на граѓаните е околу два процента.
За да биде избран Савески за нов државен јавен обвинител потребни се најмалку 61 пратенички глас.
Савески е еден од четворицата кандидати кои добија позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.
Доколку биде избран, Савески треба да го наследи Љупчо Коцевски кој минатата година си даде неотповиклива оставка истиот ден кога во Собранието требаше да се расправа за неговата интерпелација. Коцевски тврдеше дека има политичка позадина иницијативата за негово разрешување.

Пронајдете не на следниве мрежи: