четврток, 12 ноември 2026
Најново

Николоски: Македонија ќе има најдолг период на отплата на британскиот заем

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ќе биде завршена изградбата на Клиничката болница во Штип, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот кредит.„Кон овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти добиваме износ од околу 190 милиони евра, за сите заедно.“Во врска со условите за кредитот, тој додаде дека РСМ има многу добри услови.„Дефинитивно ќе добиеме рок на отплата од над 15 години и многу попривлечен од оној што го има Србија како услов, на пример. Србија сега го гради автопатот Белград-Сараево со каматна стапка од 3,5%. Ние ќе имаме многу помал износ“, нагласи Николоски.

Поврзани вести