Никол Кидман добитничка на наградата за животно дело

Американскиот филмски институт објави дека австралиската актерка Никол Кидман е добитничка на наградата за животно дело.Како што е наведено, станува збор за „најголемата чест што може да се доживее во текот на една филмска кариера“ Наградата ќе и биде врачена на гала церемонија на 27 април во познатиот театар Долби во Лос Анџелес.Кидман со тоа стана 49. лауреат на оваа награда и прва актерка од Австралија.“Никол Кидман со децении успева да ја плени публиката со својата смелост и талент. Таа го прави својот избор многу храбро и е смела во секој настап”, се објаснува во наградата.Се додава и дека оваа австралиска актерка стана вистинска гламурозна филмска икона.Во својата речиси четиридецениска кариера Кидман пет пати беше номинирана за Оскар, а во 2003 година го освои за главната улога во филмот „Hours“. шест Златни глобуси.Досега има одиграно повеќе од сто улоги.

Пронајдете не на следниве мрежи: