Никол Кидман доби награда за животно дело

Актерката Никол Кидман ја доби наградата за животно дело на Американскиот филмски институт (AFI), со што стана првата австралиска актерка што ја доби наградата.„Привилегија е да се снимаат филмови“, рече Кидман на церемонијата на доделување награди, пренесува Би-би-си.На актерката од филмот „Мулен Руж“ престижната награда и ја врачи нејзината колешка и трикратна оскаровка Мерил Стрип.Меѓу другите ѕвезди кои присуствуваа на церемонијата беа сопругот на актерката, пејачот Кит Урбан и актерката Рис Витерспун.Кидман се прослави во Холивуд во 1990-тите, снимајќи го филмот „Days of Thunder“. Првата номинација за Оскар ја доби за филмот „Мулен Руж“ во 2001 година, пред да го добие Оскар за најдобра актерка за филмот „Часови“ во 2003 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: