Егзекуцијата на Орхан Бајрами-Оки вчера во Ханиоти на Халкиди е последната нерасчистена меѓумафијашка пресметка, јавува Алсат МК. Според дел од медиумите, убиството е дел од пресметка меѓу криминални групи.
Повеќе години меѓу двата скопски кланови во подземјето има меѓусебни престрелки и напади во Скопје, но последните напади се случуваат надвор од државата.
Пред еден месец, по вооружената престрелка во Приштина, беше убиен Блерим Даци од Чаир. Претходно во Скопската чаршија, на 6 март годинава, беа убиени Јетон Кривањева – Жила, и Енес Исени.
Ниту едно од овие убиства не е расчистено – не се откриени ниту убијците на Камер Идризи кој беше убиен во мај 2021, ниту убиството на неговиот брат Јонуз Идриз, во скопски Чаир. Претходно беше убиен Џелал Ајети кој беше застрелан во чајџилница во скопската чаршија и неговиот брат.
Не е расчистено ниту пукањето среде бел ден во хотелот Александар Палас во Скопје, во 2019 година кога пет маскирани лица пукаа во членовите на ривалската група.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.