Ни во време на војна немавме толку загуби, се жали Гибралтар откако 45 лица починаа од ковид-19 за две недели

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Гибралтар се зголеми за четири пати во последните 14 дена, а тринаесет лица починаа во таа британска енклава само минатиот викенд.
По првите четири смртни случаи во саботата, вчера беа пријавени уште девет, најмногу за еден ден од избувнувањето на пандемијата.
Денес се пријавени уште два нови случаи, со што вкупниот број на починати се искачи на 45 од почетокот на епидемијата.
Повеќето од оние кои починале за време на викендот биле над 80-годишна возраст, се вели во соопштението на Владата, која воведе втор карантин пред две недели.
На триесет и четири илјади жители им е дозволено да ја напуштат куќата само за да купат намирници, за работа, рекреација и да посетуваат лекар. Карантинот беше продолжен во петокот и ќе трае до крајот на месецот.
Бидејќи во голема мерка беше поштеден од пандемија, првиот смртен случај во Гибралтар беше кон средината на декември, а на 6 јануари тој број се искачи на десет. Покрај тоа, бројот на потврдени случаи е повеќе од тројно зголемен и денес имало 3.712, а на почетокот на декември беше нешто повеќе од 1000.


Сега имаме најлоши бројки во последните сто години. Дури и во време на војна, немавме толку многу загуби за толку кратко време, рече премиерот Фабијан Пикардо.
Властите стравуваат дека овој скок на бројот на заразени е поврзан со новиот вид на вирус откриен во Велика Британија во декември, иако Гибралтар досега официјално не потврдил случаи од овој тип.
Иако е поврзан со Шпанија преку копно, која е тешко погоден од пандемијата, Гибралтар не ја затвори својата граница, која секој ден ја минуваат 15.000 работници.
Британската енклава ја започна својата кампања за вакцинација на 9 јануари со употреба на вакцината „Pfizer“ и примени 5.847 дози до вчера, што значи дека вакцинирале 17% од населението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.