Новакот Кук по само пет минути во Белград ќе мора да паузира – еден месец!

Екипата на МЗТ Скопје убедливо загуби на вечерашното гостување кај Партизан (67-120), што е најтежок пораз за аеродромци во АБА-лигата, но разликата во квалитет во однос на евролигашот беше толку голема што и крајниот епилог воопшто не е изненадувачка.

Поголем проблем за аеродромци од неуспехот во „Штарк арената“ е повредата на еден од двајцата новодојдени Американци, Кеандре Кук. Бекот-шутер одигра само пет минути против црно-белите по што потешко се повреди по судир со центарот на домаќинот, Ален Смаилагиќ. Тој потоа долго лежеше на паркетот, па беше изнесен од теренот и воопшто не се врати.

Пронајдете не на следниве мрежи: