Нова идеја за ручек: Полнети тиквички печени во рерна

Ако не знаете што вкусно да подготвите денес, еве еден рецепт од традиционалната кујна што нема да ви одземе премногу време.
Состојки:
1-2 млади тиквички
1 главица кромид
4 чешниња лук
100 грама кашкавал
1 лажица зачини
1 голема лажица црвен пипер
Малку бибер
500 грама мелено месо
Ситно сечкан лист од магданос
1 зелена пиперка
2 ситно исечкани компири


Подготовка:
Исчистете ги тиквичките од семки и издлабете ги со лажица како корито. Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, па додадете сечкана пиперка и мелено месо.
Потоа додадете ситно исечкан лук, сечкан компир, зачин, црвен пипер и црн бибер. На крајот додадете го магдоносот.
Плехот премачкајте го со масло и наредете ги тиквичките што претходно ги исчистивте. Наполнете ги со подготвениот полнеж. Можете да додадете и неколку цели млади компирчиња да се печат заедно со тиквичките.
Плехот затворете го со фолија и печете околу 35 минути на 200 степени Целзиусови.
Извадете ги и изрендајте кашкавал и вратете ги во рерната уште 10 минути за да се стопи кашкав алот и тиквичките да се запечат и да поруменат. Служете со салата!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.