Синдикатот на полиција во Македонија денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.
- Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè поголема закана во ЕвропаОтпорноста на бактериите на антибиотици, која во Европската Унија предизвикува околу 35.000 смртни случаи годишно, станува сè пораспространета појава. Тоа ги поттикнува барањата… Read more: Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè поголема закана во Европа
- Израелскиот претседател му го довери мандатот на ривалот на Нетанјаху, Гади Ајзенкот, за формирање владаИзраелскиот претседател Исак Херцог денеска му го довери мандатот за формирање нова влада на Гади Ајзенкот, најголемиот политички ривал на премиерот Бенјамин Нетанјаху.… Read more: Израелскиот претседател му го довери мандатот на ривалот на Нетанјаху, Гади Ајзенкот, за формирање влада
- Нема напредок во историската комисија со Бугарија: Без договор за Охридската архиепископија и одбележувањето на Даме ГруевНиту по последната средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не е постигнат напредок. Состанокот,… Read more: Нема напредок во историската комисија со Бугарија: Без договор за Охридската архиепископија и одбележувањето на Даме Груев
- Иран и Русија планираат изградба на гасовод со капацитет од 110 милијарди кубни метри годишноИран планира во соработка со Русија да изгради гасовод чиј капацитет на долг рок би достигнал 110 милијарди кубни метри гас, изјави иранскиот… Read more: Иран и Русија планираат изградба на гасовод со капацитет од 110 милијарди кубни метри годишно
- Неговите гениталии беа отсечени без анестезија, а тој беше единствениот чиј глас беше снимен: Деца умираа поради болната опсесија на цркватаПознат како „Ангелот на Рим“, тој е единствениот кастрато чиј глас е снимен на звучни записи. Во само неколку минути зачувано пеење, се… Read more: Неговите гениталии беа отсечени без анестезија, а тој беше единствениот чиј глас беше снимен: Деца умираа поради болната опсесија на црквата
Второпријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.
Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.
Нагласи дека како синдикат во јавноста веќе две-три години зборуваат дека во последните неколку години во времето на владеење на поранешниот министер за внатрешни работи незаконски се издадени преку 25 илјади решенија.
Станува збор за преку 25 илјади решенија за распоредување од чие изготвување според официјалната пресметката е сторена штета на буџетот на МВР од преку 25 милиони евра. Се надевам дека ОЈО ќе има сериозна работа пред себе, сериозен предизвик и дека сета оваа работа вклучително и денешнава ќе излезе пред јавноста за многу брзо време, посочи Коцевски.
Од почетокот на годината синдикатот има поднесено повеќе кривични пријави против поранешниот министер, кој функцијата ја извршуваше долги години.
Пронајдете не на следниве мрежи:



