Нова победа на Мајами, порази на Денвер и Лејкерси, Во, броеше до 47

Мајами ја забележа 27-та победа во низа, Шарлот стави крај на серијата од 15 победи на Денвер, додека плејмејкерот на Вашингтон Џон Вол постигна 47 поени во победата над Мемфис, ова се главните карактеристики на натпреварите кои се одиграа во НБА лигата.Повторно без Двејн Вејд во составот, Мајами предводен од Леброн Џејмс (24 поени, 11 асистенции, 9 скока) , во дербито на Флорида го совлада Орландо со 108:94.Мајами натпреварот го реши во последните шест минути кога при резултат 68:68 неговите играчи направија серија од 20:2.Покрај Џејмс кај Мајами се истакнаа Марио Чалмерс со 17 и Крис Бош со 12 поени и девет скока. Џамир Нелсон со 27 поени беше најефикасниот играч на Орландо.Серијата од 15 последовни победи Денвер ја прекина во Њу Орлеанс каде загуби со 86:110. Рајан Андерсон со 23 поени и девет скока, односно Брајан Робертс со 13 поени и 18 асистенции го предводеа Њу Орлеанс до победата. Единствен расположен за игра кај Денвер беше италијанскиот репрезентативец Данило Галинари кој реализира 24 поени.
МакфаксДерби мечот во Западната конференција помеѓу Голден Стејт и ЛА Лејкерс му припадна на тимот од Оукленд кој победи со 109:103. Петмина играчи на Голден Стејт постигнаа двоцифрен број на поени, од нив тројца реализираа најмалку 20 кошеви – Стивен Кари (25 поени, 10 асистенции), Дејвид Ли (23 поени, 12 скока), Клај Томпсон (22 поени). Коби Брајант во поразениот тим реализира 36 поени, додека Стив Неш мечот го заврши со 21 поен, осум скока и седум асистенции.Еден од најталентираните плејмејкери во лигата Џон Вол постигна рекордни во кариерата 47 поени а Вашингтон изненадувачки го совлада Мемфис со 107:94. Покрај Вол кај екипата од главниот град на САД се истакна Емека Окафор со 21 поен и девет скокови, Мемфис го предводеше екс играчот на Детроит Тејшон Принс со 23 поени, седум скока и четири асистенции.Јута со победата над Филаделфија од 107:91 стави крај на серијата од четири порази – Ренди Фој со 17 и Гордон Хејвард со 15 кошеви беа најпрецизни кај Јута.Индијана, во дербито на истокот ја порази Атланта со 100:94 – Рој Хиберт со 17 поени и 13 скока ги предводеше Пејсерси, кај Атланта се истакна Џош Смит со 20 19 поени.Мајами ја забележа 27-та победа во низа, Шарлот стави крај на серијата од 15 победи на Денвер, додека плејмејкерот на

Пронајдете не на следниве мрежи: