Од мали нè учат на многу нешта, започнувајќи од зборување и читање, па сè до решавање комплексни математички задачи. Но, никој не ни кажува кои се тајните за успех во реалниот свет. Некои од овие тајни постојат одамна и се безвремени, додека пак некои од нив настанале под влијание на модерните времиња. Погледнете дел од овие нови правила кои ќе ви помогнат многу полесно да успеете во денешниот свет.
Работете долго. Постои едно старо верување кое ни вели дека треба да работиме мудро, не долго. Но, во денешно време, особено во престижните организации, долгите работни часови се клучот за унапредување и движење нагоре во вашата кариера.
Не бидете тешки за одржување. Да живеевме во подобар свет, шефовите и колегите ќе беа голема поддршка за оние кои имаат потреба од грижа, без разлика дали станува збор за страдање од ментална болест, член на семејството со тешка болест или пак, за едноставно објаснување на задачата која треба да ја извршите. Но, бидејќи живееме во свет каде што секој се грижи само за себе, сите чувствуваат притисок да направат повеќе со помалку, па токму затоа и колку повеќе се држите настрана и си ја вршите самите својата работа, толку поголеми се шансите дека брзо ќе напредувате.
Бидете љубезни. Една од клучните карактеристики потребни за успех на работното место е да бидете љубезни и фини кон вашите соработници. Доколку постојано сте во добро расположение, вие многу брзо ќе се одвоите од останатите, а тоа нема да помине незабележано од вашите надредени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.