Според една анкета, 80 отсто од населението го поддржува владеењето и потезите на Путин, 12 отсто се против него, а осум отсто се неопределени. Ова е огромен пораст на популарноста во однос на 2021 година …

Руската агенција ФОМ спроведе истражување за популарноста на претседателот Владимир Путин на примерок од 1.500 испитаници на возраст од 18 до 53 години, што покажува дека популарноста на Путин е на врвот, пренесува РИА.
Според нивната анкета, владеењето и потезите на Владимир Путин го поддржуваат 80 отсто од населението, 12 отсто се против него, а осум отсто се неопределени. Ова е огромен пораст на популарноста во споредба со слично истражување спроведено во јуни 2021 година.
Во тоа време 57 отсто од населението на Русија беше со Путин, но дури 32 отсто од Русите беа против него. Неопределени во тоа време беа 12 отсто, наведува РИА.
Друга агенција, државната, која се занимавала со истата проблематика на примерок од 1.600 жители, во принцип дала идентични резултати. Според резултатите од истражувањето на ВТСИОМ, 81 отсто од руските граѓани се за Путин.
Маргината на грешка во овие истражувања, тврдат Русите, е 3,8 отсто. Странските агенции не можеа да ја потврдат точноста на бројките и веродостојноста на овие истражувања. Од почетокот на инвазијата, Русија ги сподели со светот резултатите од неколку анкети, а сите покажаа дека Путин е некаде во 80 отсто поддршка …
Пронајдете не на следниве мрежи:


