Бугарскиот министер за полиција Калин Стојанов изјави дека контроверзниот бизнисмен Алексеј Петров бил ликвидиран поради одмазда или долг.
Стојанов наведува дека полицијата истражува евентуална вмешаност на одредени криминални структури во убиството на Петров.
- Верзиите до кои дојдовме велат дека можеби се работи за одмазда или финансиски долг – изјави за 24 часа Стојанов, кој во петок ќе учествува на итен состанок на безбедносните служби.
Заменик-главниот обвинител Марија Павлова изјави дека не очекува по убиството на Петров да дојде до војна НА ПОДЗЕМЈЕТО.
-Анализите што беа почнати веднаш по атентатот одат во двете насоки, едни велат дека може да предизвика војна, други велат дека не може, но јас немам такви очекувања. Но, ова е трет обид за атентат, за жал, успешен – изјави Павлова за 24 часа и додаде дека нема информации дека Петров се чувствувал загрозен.
Бугарскиот бизнисмен и поранешен припадник на државната безбедност Алексеј Петров беше убиен во средата во населбата Драгеловци во Софија. Во таа прилика жената која била со него била тешко повредена. Напаѓачите побегнале од местото на злосторството без трага.
Членовите на семејството на повредениот бизнисмен наведуваат дека Петров не им кажал дека се плаши за својот живот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.