Нови униформи за полицајците

– Во рамки на нашите континуирани активности, а согласно примарната задача за подобрување на условите за работа на полициските службеници, поделивме нови униформи за потребите на нашите најмлади колеги- новопримените полициски службеници од последните конкурсни циклуси, рече министерот Оливер Спасовски на претставувањето на новонабавените униформи за полициските службеници во кругот на СВР Скопје. Набавени се 1.200 униформи за припадниците на полицијата кои што се состојат од капи, кошули, вратоврски, виндјакни, маици, ремени…
“Затекнавме многу лоша состојба со опременоста на полициските службеници, скоро една деценија без набавка на униформи. Сега таа состојба ја менуваме од корен, создавајќи базични предуслови за нормално и непречено функционирање на полициската служба во целина. Она што го затекнавме беше субстандардни услови во кои што работеа полициските службеници. Таа недопустлива состојба ја менуваме и нема да престанеме во нашите напори се додека не се воспостави еден нормален, пристоен и функционален амбиент за работа на сите полициски службеници. Затоа што само со овозможување на тие елементарни услови за работа, полицијата ќе биде ефикасен и квалитетен сервис на граѓаните”, рече министерот Спасовски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.