Фото: Microsoft Во сите Windows Insider канали за Windows 11, а исто така и за Windows 10, апликацијата Photos постепено започнува да добива нови функции кои во наредните месеци ќе станат достапни за сите корисници. На повидок се четири надградби на Photos апликацијата кои ја прават покорисна и разнообразна од основната функција, а дел од нив веќе се појавуваат и кај некои од конкурентските апликации.
Првата надградба е интеграцијата на OCR – Optical Character Recognition функцијата, односно можноста за извлекување на текст од фотографии. Со ова, корисниците добиваат шанса да го копираат текстот од сликите и веднаш да пребаруваат на интернет со избраниот текст.
Втората иновација е поврзана со File Explorer, но истовремено е интегрирана со Photos апликацијата. Додека разгледуваат слики, корисниците добиваат нови функции кога ќе кликнат на одредена слика со десното копче на глувчето. Во Photos менито постојат брзи опции за измена на фотографиите, бришење на објекти со помош на вештачка интелигенција, отворање на сликите во Designer апликацијата, како и визуелно пребарување преку Bing.
Photos апликацијата исто така добива покомплексни филтри за гледање на сликите од специфични папки и поддиректории. Дополнително, воведено е и Copilot копче кое овозможува предлози за уредување на сликите, добивање повеќе информации, како и совети за подобрување на фотографиите.
The post Нови функции за апликацијата Photos во Windows од Microsoft appeared first on 365.mk.