четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ново поскапување на горивата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ново поскапување на горивата од полноќ. Бензините поскапуваат за седум, а дизелот за шест ипол денари за литар.
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Евросупер БС-95 ќе изнесува 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС -98 ќе се продава по цена од 88,5 денари.
Новата цена на дизелот е 92 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 89,5 денари.
Се зголемува и цената на Мазутот кој ќе се продава по 47,453 денари за литар.
Ова е второ поскапување на горивата откако почна кризата на Блискиот Исток. Засега, нема мерки за ублажување на последиците од кризата. Според Владата, граѓаните точат најевтино гориво од државите во регионот.

Поврзани вести