четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ново рочиште за кочанската трагедија во „Пулс“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 

Ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на кое се очекува да сведочат очевидци на кобната ноќ во која , заради инстиутуционална нефункционаност и корупција , животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
На претходното рочиште, беше донесена одлука да нема спојување на тековната и на постапката за 13 полициски службеници. Ваква одлука донесе Судскиот совет со образложение дека процесот е во доказна постапка, а спојувањето на двата предмета во еден ќе резултира со одолговлекување и неекономичност на процесот.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна ноќта на 16 март минатата година, за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, а постапката се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност. Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители. Судењето продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Поврзани вести