НОВО ХИТ ВИДЕО НА ЕРДОГАН: Телохранител му подадел чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација МОРАЛА ДА ЗАСТАНЕ (ВИДЕО)

Видеото од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи!Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, секогаш е придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна лесно да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекале.
pic.twitter.com/ZZEk0adJKc— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
По завршувањето, Ердоган му го предаде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета насмеан со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкаја.Ердоган присуствувал и на прославата на 62-годишнината од основањето на Уставниот суд.Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, да потсетиме, остана без зборови кога неодамна на аеродромот во Анталија случајно налета на лидерот на Република Српска Милорад Додик.

Пронајдете не на следниве мрежи: