четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нов американски напад врз Иран, тврдат дека погодиле 140 воени цели

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската војска соопшти дека погодила 140 воени цели во третиот бран напади врз Иран оваа недела, реакција на претходниот напад врз трговски брод во Ормутскиот теснец.

Од друга страна, Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) истовремено објави дека испалила предупредувачки истрел кон брод и го прогласила водниот пат за затворен.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Иранските државни медиуми објавија експлозии на неколку локации по должината на јужниот брег на земјата. Властите на неколку земји од Персискиот Залив тврдат дека пресретнале ирански напади.

ИРГК потврди дека извршила „одмазднички напади“ врз воздухопловната база „Принц Хасан“ во Јордан, објавија локалните медиуми.

Вчера, Оман даде прелиминарен предлог за управување со патиштата во Ормутскиот теснец.

Американските претставници претходно изјавија дека преговорите за нуклеарно оружје не можат да напредуваат сè додека теснецот не биде безбеден, објави Си-Ен-Ен.

Поврзани вести