Нов силен земјотрес во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер вечерва ја погоди областа кај Бихаќ во Босна и Херцеговина, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил во 19:03 часот на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри западно од Бихаќ, и 107 километри јужно од Загреб.

Ова подрачје утрово го погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,7 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: