Ѓаволските усни се вистински хит на интернет. Овој тренд на разубавување, ако може така да го наречеме, подразбира вбризгување филери во усните така што се создава благ бран преку усните.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од вакви усни, но многумина не се убедени дека станува збор за вистински изглед, туку дека е фотомонтажа. Многу ги оценија како неприродни и опасни, пишува „Дејли стар“.
Експертот за убавина Ниам Холмс истакнува дека станува збор за еден од најлошите козметички зафати воопшто. Ваквиот начин на „средување“ на усните доведува до тоа усните да бидат искривени во некој чуден облик и тоа со години.
Овој тренд е погрешен на многу начини. Ѓаволски усни? Изгледаат неприродно и смешно. Без разлика дали станува збор за филери или тетоважи, ужасно е. Првпат кога ги видов мислев дека станува збор за шега или за фотошоп, но сега гледам дека не е така, рече Холмс.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.