Нов хит рецепт на социјалните мрежи – мини палачинки за појадок

Ништо нема да ги замени палачинките за појадок, а деновиве на социјалните мрежи се појави и нова варијанта.
Карантинот ја разбуди креативноста на сите готвачи, па на Instagram и TikTok видовме секакви идеи за готвење.
А, после далгона кафето и млекото со јагоди, сега се појави и нов рецепт кој е одличен за почеток на денот, овојпат со појадок.


За овој појадок треба да направите вообичаена смеса за американски палачинки и наместо големи, направете повеќе мали палачинки, со дијаметар од околу 5-6 сантиметри.
Потребни состојки
1 шолја сенаменско брашно
2 лажици шеќер
2,5 лажички прашок за печиво
1/2 лажичка сол
1 1/4 шолја млеко
3 лажици растопен путер
1 големо јајце
Масло


Начин на подготовка
Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Потоа додајте ги млекото, путерот и јајцето, и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Смесата ставете ја во готварски шприц, шише или во пластична кеса на која ќе направите мал отвор на едниот крај.


На тава загрејте малку масло, па истурајте малку од смесата за да добиете мали палачинки. Истото можете да го направите и со лажица.
На крај, ставете ги малите палачинки во длабока чинија и додајте одозгора што сакате – чоколаден прелив, мелени бисквити, овошје, мед, јаворов сируп, јаткасти плодови…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.