Нормандиска тава – неделен семеен ручек

Кога ќе го почувствувате мирисот на колбаси измешан со убаво зачинет ориз, а се тоа запечено со слатко карамелизирано јаболко ќе ви проработат сите сетила.

1 1/2 чаша басмати ориз
500 г колбаси
1 главица кромид
100 г панцета
300 г јаболка
2-3 лажици шеќер
масло
сол и мелен црн пипер
Сварете го оризот, притоа внимавајќи да не се превари и исцедете го. Колбасите испржете ги и ставете ги на чинија. Во истото масло испржете ги исечканиот кромид и панцетата, и зачинете. Измешајте ги со оризот и наредете ги парчињата пржени колбаси.
Јаболката излупете ги, исечкајте ги на поситни парчиња и наредете ги во намрсена тава. Наросете шеќер, додадете околу 70 мл вода, печете 15-тина минути на 250 степени и послужете ги како прилог.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.