четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ноќеска горел кровот од амбулантата во затворот Идризово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кровот во затворот Идризово во делот кај амбулантата ноќеска бил опожарен. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е пријавен во СВР Скопје во 00:21 часот и дека е извршен увид и се утврдуваат причините.
–             На 26.03.2026 во 00.21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар на кров од објектот на затворското одделение – амбуланта. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.

Поврзани вести