„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов – ми покажа татко ми со кого беше 55 години во брак“

„Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. Не мораше да помине низ агонијата и болката да ме погребе, да остане сама по моето заминување. Јас ќе бидам тој што ќе помине низ тоа и му благодарам на Бога за тоа. Ја сакам толку многу, што не би сакал да страда“.

Моите родители беа во брак 55 години. Едно утро, мајка ми се симнуваше надолу по скалите за да му подготви појадок на тато, кога доживеа срцев удар и падна. Татко ми ја крена најдобро што можеше и ја однесе до автомобилот. Со полна брзина, без почитување на сигнализацијата на семафорите, ја одведе во болница.

Кога пристигна, таа за жал повеќе не беше со нас.

За време на погребот, татко ми не зборуваше; погледот му се изгуби. Едвај плачеше.

Таа вечер во домот му се придруживме и ние, неговите деца. Во атмосфера на болка и носталгија се потсетивме на убави анегдоти, а тој го замоли брат ми, теолог, да му каже каде ќе биде мама во тој момент. Брат ми почна да зборува за животот после смртта и да претпоставува како и каде ќе биде таа.

Татко ми внимателно слушаше. Одеднаш нè замоли да го одведеме на гробиштата.

„Тато! 11 ноќе е, не можеме да одиме на гробишта во моментов“, му одговоривме.

Со повишен тон и со втренчен поглед рече: „Не се расправајте со мене, ве молам не се расправајте со човекот кој штотуку ја загуби сопругата со која беше во брак 55 години“.

Имаше момент на молк од почит, веќе не се расправавме. Отидовме на гробиштата. Со батериска ламба стигнавме до нејзиниот гроб.

Татко ми седна, се молеше и им кажа на своите деца: „Поминавме заедно 55 години… знаете? Никој не може навистина да зборува за вистинска љубов ако не го завршил животот со некоја личност“.

Застана и си го избриша лицето.

nokjta-koga-pochina-majka-mi-sfativ-shto-e-vistinska-ljubov-mi-pokazha-tatko-mi-so-kogo-beshe-55-godini-vo-brak-08_copy.jpg

„Јас и таа бевме заедно и во добро и во лошо. Кога ја сменив работата, се спакувавме, ја продадовме куќата и се преселивме.

Се радувавме кога гледавме како нашите деца станаа родители, заедно тагувавме за заминувањето на најблиските, заедно се молевме во чекалната на некои болници, се поддржувавме еден со друг во болката, секој ден се гушкавме и си ги простувавме грешките“.

А потоа застана и додаде: „Деца, сето тоа го нема, но јас сум среќен вечерва. Знаете ли зошто сум среќен? Зашто таа замина пред мене.

Не мораше да помине низ агонијата и болката да ме погребе, да остане сама по моето заминување. Јас ќе бидам тој што ќе помине низ тоа и му благодарам на Бога за тоа. Ја сакам толку многу, што не би сакал да страда“.

Кога татко ми заврши со зборувањето, на мене и на моите браќа ни течеа солзи по лицето. Го прегрнавме, а тој нè утеши: „Во ред е. Можеме да си одиме дома. Денес беше добар ден“.

Таа ноќ сфатив што е вистинска љубов. Тоа е повеќе од само романтизам и секс, тоа се двајца луѓе кои стојат еден до друг, кои се посветени еден на друг, низ сето добро и лошо што ви го дава животот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.