НУКЛЕАРНА ОПАСНОСТ: Кина испрати сериозно предупредување до САД – Нема да има безбедност ниту за Украина, ниту за светот

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со „сериозни последици“, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина и се дозволи да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

НУКЛЕАРНА ОПАСНОСТ: Кина испрати сериозно предупредување до САД – Нема да има безбедност ниту за Украина, ниту за светот

– Сите европски земји ќе треперат под сенката на можна нуклеарна војна, предупреди Пекинг во неделното издание на државниот Глобал Тајмс, пренесува Дејли Мејл.

Во тој случај нема да има безбедност за никого, ниту за Украина, ниту за светот. Наместо да бара решенија за ставање крај на конфликтот, Вашингтон, одново и одново, покажа дека САД одат во друга насока – во поттикнување војна, се вели во извештајот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повтори барањето земјата да се приклучи на Алијансата откако Русија објави анексија на четири украински региони.

Запрашан за барањето на Зеленски да се забрза членството на Украина во НАТО, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека „не е вистинското време“ и дека апликацијата „треба да се разгледа во некое друго време“.

Кина ја повика западната алијанса целосно да се повлече од Источна Европа.

Неодамнешната закана доаѓа во време на серија жестоки предупредувања од Кина, а други имаат за цел поддршка на САД за Тајван.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно ги поддржа напорите на Украина да се приклучи на НАТО. Тој претходно упати предупредување до руските сили за тоа што ќе се случи доколку нападнат некоја од териториите на членките на НАТО.

Америка е целосно подготвена со нашите НАТО сојузници да ја брани секоја педа од територијата на НАТО. Секој сантиметар, рече Бајден.

Рускиот претседател Владимир Путин предизвика нови стравови од нуклеарна војна кога рече дека „не блефира“ кога рече дека Русија е подготвена да користи нуклеарно оружје за да ја одбрани својата територија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.