четврток, 12 ноември 2026
Најново

НAЈЛОШ ДЕН во Хрватска од почетокот на пандемијата, регистрирани се скоро 200 случаи, во Србија 108 новозаразени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Коронавирусот а сè уште не престанува во земјите во регионот, а шокантни податоци доаѓаат од  Хрватска, која денес забележа рекорден број активни пациенти.

Хрватска

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Националниот штаб во Хрватска објави дека денес земјата има 199 нови случаи. Денес има 1.371 активни случаи, што е најголем број од почетокот на епидемијата. Досега, најмногу случаеви се забележани на 14 април, кога биле активни 1.258 лица.

Закрепнале 5.318 лица, а 166 лица починале досега.

Босна и Херцеговина

Во изминатите 24 часа, во  БиХ се регистрирани 240 позитивни лица и осум смртни случаи.

Црна Гора

Најновите податоци сè уште се чекаат за Црна Гора, а вчера во оваа земја се регистрирани 50 новозаразени лица и три смртни случаи. Ново заразените беа идентификувани меѓу 301 анализирани примероци.

Србија

Бројот на заразени со вирусот во последните 24 часа во Србија е 108.

Уште четири лица починаа во Србија како резултат на коронавирусот. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 681.

Поврзани вести