четврток, 12 ноември 2026
Најново

Обвинителството конечно отвори предмет за неправилностите во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека по медиумските информации за утврдени неправилности при инспекцискиот надзор во Центарот за социјални работи, поврзани со случајот со смртта на мајката и нејзината ќерка кои паднаа од шести кат во скопски Карпош, е оформен предмет по допрен глас.

Од Обвинителството информираат дека предметот е доставен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.
– ОЈО Скопје ќе преземе проверки со цел да утврди дали констатираните неправилности содржат елементи на кривично дело за кое се постапува по службена должност – велат од ОЈО.
По Кочани, Карпош е уште еден нституционален пораз !

Поврзани вести