четврток, 12 ноември 2026
Најново

Обид да се запали верски објект на Еврејската заедница во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еврејската заедница во Македонија информира дека имало обид да се запали нејзиниот објект и синагогата. Апелираат до надлежните органи целосно да го расветлат случајот и повикуваат на обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.
– На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит. Еврејската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво, вели претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на расчистување на случајот.

Поврзани вести