Обланди со еурокрем

1 пакување обланди
300 г шеќер
100 мл вода
100 г чоколадо
3 лажици еурокрем
250 г маргарин
200 г млеко во прав
Во тенџере на оган ставете ги шеќерот, водата, чоколадото искршено на парчиња и еурокремот. Мешајте со лажица додека се растопат чоколадото и шеќерот, и тргнете од оган.
Со миксер изматете ги маргаринот и млекото во прав. Додадете во топлата смеса и
матете додека се соедини филот.
Откако ќе се излади филувајте 4 обланди и прекријте со 5-тата. Притиснете ги филуваните обланди со потежок предмет, изладете и исечете на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.