Дали некогаш сте се запрашале за што служи лентата со копче на рамената на вашата кожна јакна или капут?
Една девојка на Твитер ја открила вистинската намена на овој детаљ кој не е само естетски. Имено, Франческа Хорсбург отсекогаш се прашувала зошто постојат овие ленти со копчиња кои ги имаат некои модели на кожни јакни, капути и мантили, а штом ја дознала целта, своето сознание го споделила на Твитер.
“Лентата е тука за да ја држи рачката од вашата чанта за таа да не ви се лизга од рамениците”, напишала Франческа.
Набрзо потоа, фотографијата собрала над 100 илјади лајкови, а многумина коментирале како воопшто и не би помислиле на нешто вакво. Овој детаљ на капутите потекнува од војничките јакни на кои ваквите детали им служеле за прицврстување на муницијата.