Објавена детална анализа: Колку е голема руската, а колку украинската армија?

Статиста, германска компанија специјализирана за објавување анализи и различни видови податоци, објави една таква анализа во која детално објаснија што имаат Русите и Украинците во воена смисла.

Објавена детална анализа: Колку е голема руската, а колку украинската армија?

Според Статиста, руската армија има вкупно 1.350.000 луѓе, додека украинската има значително помалку – 500.000. Кога станува збор за активни војници, Русија има 850.000, а Украина 200.000. И двете земји имаат ист број резервисти – 250.000 Кога станува збор за паравоени единици, има 250.000 во Русија и 50.000 во Украина.

Статиста ги анализираше и воздухопловните сили, наведувајќи дека Русија располага со вкупно 4.173 авиони и 1.543 хеликоптери. Од друга страна, Украина има само 318 авиони и 112 хеликоптери. Гледајќи го бројот на пресретнувачи и ловци, Русија има 772, а Украина 69. Покрај тоа, Русија има 445 транспортни авиони, а Украина има 32.

Понатаму, Русите имаат вкупно 30.122 вооружени борбени возила, а Украинците 12.303. Додека Украина има помалку од три илјади тенкови (2.596), Русија има 12.420.

Објавена детална анализа: Колку е голема руската, а колку украинската армија?

Русите се познати по црноморската флота, а гледајќи ги можностите на поморските сили, треба да се каже дека Русија има вкупно 605 воени бродови, додека Украина има само 38. Русите имаат 70 подморници, додека Украинците имаат ниеден.

Статиста издвојува и уште една информација: Русија има 6.255 нуклеарни боеви глави. Украина нема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.