Објавени транскрипти од разговорот меѓу Клинтон и Елцин: „Направивте се како што треба, честитки!

Се надевам дека ќе имаш шанса да се одмориш. Знам дека ти беше тешко. Но, направивте се како што треба, ви честитам, му рекол американскиот претседател на рускиот колега по настанот.
Само еден ден откако Елцин испрати тенкови до зградата на парламентот во Москва, ја доби поддршката од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, кој му честиташе на Елцин за „решавањето на ситуацијата“, додека претходно го уверуваше рускиот лидер дека „Американците ги поддржуваат Русите“.

Објавени транскрипти од разговорот меѓу Клинтон и Елцин: „Направивте се како што треба, честитки!

Претседателот Елцин му се заблагодари на Клинтон за поддршката и рече дека „високо ја цени нивната соработка“, додавајќи дека се надева на наскоро посета на американскиот претседател и неговата сопруга Хилари.

  • Се надевам дека ќе имате шанса да се одморите. Знам дека ти беше тешко. Но, направивте сè како што треба. Ви честитам за начинот на кој се справивте со ситуацијата – изјави Бил Клинтон на 5 октомври 1993 година.

Тоа не беше нивниот прв разговор, при што Клинтон уверуваше дека ќе го поддржи Борис Елцин.

На 21 септември 1993 година, по објавувањето на уставните реформи во Русија, Клинтон му рече на Елцин дека „американскиот народ ги поддржува Русите“ и вети дека ќе биде во контакт „ден и ноќ“, додека Елцин се пожали дека членовите на Врховниот совет „станаа комунисти“.

  • Бил, Врховниот совет е целосно надвор од контрола. Повеќе не го поддржува реформскиот процес. Станаа комунисти. Не можеме повеќе да издржиме. Поради оваа причина, денеска го потпишав указот за изборите за новото демократско собрание на 11 и 12 декември. Во тој период, дејствијата на Врховниот совет и Конгресот нема да имаат ефект. Се ќе биде регулирано со претседателскиот декрет. Сите демократски сили ме поддржуваат – рече Елцин.

Клинтон се смири дури откако Елцин го увери дека има целосна поддршка од армијата и МВР, а опозицијата има пристап до медиумите, за целиот процес да оди „демократски“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.