Објавен кодот за Windows Subsystem for Linux од Microsoft

Microsoft ги направи достапни деталите од кодот на една клучна фукција во Windows 11 за програмерите. Ова претставува една од централните функции што ги објави компанијата за да го поттикне користењето на нивниот систем од страна на повеќе програмери. Станува збор за Windows Subsystem for Linux, познато како WSL, кое овозможува извршување на Linux апликации директно во Windows и е најчесто користено за терминал апликации. WSL всушност функционира како виртуелна машина која овозможува инсталација на Linux дистрибуции, при што поновите верзии поддржуваат целосно користење на графичкиот интерфејс од инсталираниот систем. Со одвојувањето на кодот на WSL од Windows, се отвори можноста за достапност на кодот за јавноста. Програмерите сега можат директно да придонесат за развојот на функцијата, што потенцијално може да донесе нови можности, подобрувања и исправки на грешки.
The post Објавен кодот за Windows Subsystem for Linux од Microsoft appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: