Објавила фотографија од своите фармерки од различни брендови и ја покажала вистината за модната индустрија

Многу е тешко да се пронајде модел и големина на панталони кои нѝ одговараат, но 18-годишната Клои Мартин одлучила да нѝ помогне во тоа.
“Се спремав за излегување и сакав да облечам фармерки. Пробав едни кои не можев ни да ги навлечам до колковите. Други совршено ми одговараа иако беа иста големина, а потоа решив да ги извадам сите фармерки од плакарот и бев шокирана кога ја забележав разликата помеѓу нив, а се исти броеви. Работата е во тоа што станува збор за различни произведувачи”, вели Клои.

Нејзиниот твит со фотографијата од фармерките кои за споредба ги поставила едни врз други го обиколи светот. Таа објаснила дека кога оди во шопинг, точно знае која големина совршено ѝ одговара, но истакнала дека е време да се подразмисли за новите мерки за димензии и дека секоја жена треба да биде запознаена со истото.

“Сѐ поголем број на жени не купуваат фармерки од оваа причина, а онлајн купувањето на ваквото парче облека е невозможна мисија”, додала 18-годишната девојка, а корисниците на Твитер ги споделиле и нивните приказни на оваа тема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.